Категории

Чизкејк од лубеница: Колач кој воодушевува со изгледот и вкусот! (РЕЦЕПТ)

Овој неодолив колач е идеален за летните денови. Сезоната на лубеници е во полн ек, а речиси и да не постои личност која не го сака ова вкусно овошје. Ви го претставуваме рецептот за неодолив чизкејк од лубеница.

Постапка

Основа:

1. Кексот измелете го во блендер или рачно, стопете го путерот и помешајте со кекс и желатин.

2. Ставете ја црвената смеса во калап за торта. Направете простор околу ивицата на калапот за зелената смеса.

3. Земете мала количина зелена смеса и ставете ја околу црвената во калапот.

Крем:

Ставете го желатинот во вода и почекајте на набабри, изматете ја слатката павлака и оставете ја настрана. Изматете го крем сирот и додадете шеќер и млеко. Загрејте го желатинот и додадете го во смесата со крем сир. Една шолја од оваа смеса одвојте на страна и обоете ја во црвено, а потоа истурете ја преку црвената база. Преку црвената смеса ставете една чинија за да се поклопат, а потоа околу неа ставете смеса за колач. Ставете во фрижидер.

Желе:

Лубеницата изблендирајте ја, а потоа исцедете ја. Желатинот оставете го пет минути во вода да набабри, а потоа додадете сок од лубеница. Извадете го чизкејкот од фрижидер и полека ставете ја смесата. Оставете ја во фрижидерот да се стегне. Семките од лубеницата направете ги од чоколадо.

Целата постапка погледнете ја во видеото во продолжение:

Прегледи:
233
Објавено на:
01.08.2019