Категории

Чизкејк со тиква – без печење (РЕЦЕПТ)

Вистински есенски десерт!

Тиквата е официјално вистинска есенска намирница која може да се користи како и за слатки, така и за вкусни солени јадења. Како и да е, овој пат ќе се фокусираме на слаткото, конкретно на – чизкејк за кој не е потребно никакво печење!

 

Состојки:

  • 210g мелени бисквити
  • 120 гр стопен путер
  • 680g крем сирење
  • 240 мл слатка павлака
  • 120 гр шеќер во прав
  • 340гр пире од тиква
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 1 мала лажичка ванила
  • слатка павлака за сервирање

 

Подготовка:

Во една чинија ставете ги мелените бисквити со стопениот путер и добро измешајте ги за да се соединат, а потоа смесата пренесете ја во калап. Основата треба да биде рамна со околу 2 см од страната.

Во голем сад ставете го крем сирењето со киселата павлака и добро измешајте (околу 3-4 минути) сè додека смесата не се соедини. Во смесата додадете го шеќерот, тиквата, циметот и ванилата и убаво измешајте додека не се изедначи смесата.

Смесата ставете ја врз кората, покријте ја со проѕирна фолија и ставете ја во фриждер убаво да се излади  6-8 часа. Гарнирајте со слатка павлака и послужете!

Пријатнен апетит!

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
1746
Објавено на:
07.10.2019