Категории

Чоколаден појадок од соништата: Буди и обезбедува енергија за целиот ден (РЕЦЕПТ)

Оваа енергетска бомба, воедно е и здрава и многу хранлива, а сите членови на семејството едноставно ќе ја обожаваат

Појадокот е најважниот оброк, тврдат експертите. Сепак, многумина од нас го прескокнуваат поради брзањето, комплицираната подготовка во време кога се подготвуваме за работа и децата за на училиште. Овој рецепт ќе ве остави без изговор да не појадувате, а ќе се чувствувате како да сте го јаделе најслаткиот десерт на светот, без ни малку совест – затоа што сите состојки се здрави.

 

Потребни состојки за две лица:

  • 60 грама овесна снегулки
  • 160 мл. млеко
  • 120 грама грчки јогурт
  • една лажичка какао
  • половина лажичка цимет
  • една лажичка чија семе
  • една банана исецкана
  • една лажица чоколадни трошки
  • една лажица мед

 

Подготовка:

Ставете ги овесните снегулки во тегла со капак, додадете го млекото, грчкиот јогурт, какаото, циметот, бананата и семето од чија и добро измешајте со лажица. Затворете ја теглата и оставете ја во фрижидер преку ноќ. Пред да сервирате додадете малку исецкана банана, чоколадни трошки и лажичка мед.

Пријатен апетит!

Прегледи:
232
Објавено на:
01.04.2020