Категории

ЧОКОЛАДЕН ШЛАГ ЗА ТОРТИ И КОЛАЧИ: Домашен шлаг од 3 состојки одличен за пудинзи, кафе или шејкови

Заменете го обичниот шлаг со чоколаден! Променете го вкусот и изгледот на десертите и израдувајте ги љубителите на чоколадо!

Состојки:

  • 300 мл шлаг павлака
  • 50 мл шеќер во прав
  • 30 гр какао во прав

 

Подготовка:

Истурете ги сите три состојки во сад и матете додека не станат цврст шлаг.

Украсете ја вашата торта или колачињата со шлагот, а доколку подготвувате чоколаден шлаг за милкшејк, ставете го во сад со капак и ставете го во ладилник убаво да се излади.

Прегледи:
68