Чек дис аут
Search

Чоколадна фантазија со лешници (РЕЦЕПТ)

Прочитајте го овој рецепт и направете вкусен чоколаден десерт за целото семејство.

Состојки:

  • 570 гр. шеќер
  • 300 гр. брашно
  • 700 мл. јогурт
  • прашок за пециво
  • 120 мл. масло
  • 3 лажици какао
  • 150 гр. сецкан лешник
  • 100 гр. чоколадо за готвење

 

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки (освен чоколадото и лешниците) додека убаво не се соединат, а потоа додајте ги лешниците. Истурете малку брашно во тавата за печење, потоа истурете ја смесата и печете ја на 200°C околу половина час.

Кога тортата ќе се испече, подгответе ја глазурата. Стопете го чоколадото со малку масло и вода на тивок оган, а потоа истурете го врз тортата.




Коментари

[fbcomments]