Категории

Чоколадна торта без брашно: Вкус на совршенство подготвен за еден момент!

Сите љубители на чоколадо ќе го обожаваат овој десерт.

Состојки:

  • 6 лажици путер
  • 220 грама чоколадо
  • 6 јајца (одделете ги жолчките од белките)
  • половина чаша шеќер во прав за посипување
  • шлаг павлака за сервирање по желба

Подготовка:

  • Стопете го путерот и чоколадата, а потоа додадете ги одделените жолчки од јајцата.
  • Белките изматете ги и додадете им шеќер.
  • Во шлагот од белки полека додајте ја смесата од чоколадото, путерот и жолчките.
  • Убаво измешајте ја смесата и истурете ја во подмачкан калап.
  • Печете во предходно загреана рерна на 1400С околу 45 до 50 минути.
  • Посипете со шеќер во прав и сервирајте со шлаг. Добар апетит!🖤
Прегледи:
557
Објавено на:
02.09.2019