Категории

Чоколадни вафли (РЕЦЕПТ)

Чоколадните вафли се совршени за опуштен и мирен зимски појадок, затоа ви подготвивме едноставен рецепт за вас.

Вафлите се дефинитивно совршен избор за опуштен зимски појадок. Зошто да не направите чоколадни наместо обични вафли?

 

Состојки:

  • 1 ½ чаши брашно
  • 3 лажички прашок за пециво
  • ½ лажичка сол
  • ½ чаша шеќер
  • 3 лажички какао во прав
  • 1 чаша млеко
  • 2 јајца
  • 4 лажички растопен путер
  • 1 лажичка омекнат путер
  • ¾ чаша шеќер во прав
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка млеко

 

Подготовка:

Во голем сад измешајте го заедно брашното, прашокот за пециво, солта, шеќерот и какаото. Додадете го млекото, јајцата и путерот во сувите состојки и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Може да користите и миксер.

За сосот измешајте го омекнатиот путер, шеќерот во прав, екстрактот од ванила и млекото. Можете да додадете и неколку коцки чоколадо. Сосот мора да биде доста густ.

Смесата за вафли се истура во тостер и се пече додека не добие златна боја. Послужете со врел густ чоколаден сос, а можете да го додадете и омиленото овошје доколку сакате.

Прегледи:
1915
Објавено на:
20.02.2020