Чорба од цвекло: Оброк кој ја подобрува крвната слика и имунитетот и го храни цело тело! (РЕЦЕПТ)

Вкусна чорба од цвекло која е благодет за вашиот организам!

Состојки:

  • 3 цвекла средна големина
  • 1 компир средна големина
  • 1 морков
  • 1 праз или кромид
  • по желба малку пилешка супа
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • сол по вкус
  • 1 лажичка бел бибер
  • маслиново масло по потреба
  • малку кисела павлака за послужување

Подготовка:

Празот или кромидот добро измијте го и исчистете го, па исечкајте го. Морковот измијте го, исчистете го и изрендајте го. Во загреано тавче ставете маслиново масло и пропржете го празот и морковот.

Цвеклото и компирот добро измијте ги и ставете ги да се варат со лушпа. Варени излупете ги и сечкајте ги на коцки, додадете ги во празот и морковот, измешајте, па ставете ги во блендер. Додадете лук во прав, бибер, сол и бистра пилешка супа онолку колку што сакате да биде густо/ретко.

Сето тоа измешајте го и послужете со кисела павлака.




Коментари

коментари