Човечки ресурси и стратегии во доменот на работата, разговор со Андријана Паскоска , раководител на човечки ресурси во службен весник

Андријана Паскоска е раководител на човечки ресурси во службен весник. За стратегиите во доменот на работата во човечки ресурси, таа говори во следното интервју.

Начин на успешна работа во фирмите на раководителот на човечки ресурси?

Ги анализира и ги оценува информациите ги идентификува причините за евентуалните проблеми ги препознава ризиците и врши нивна превенција.

Треба да има активен пристап при решавање на проблемите и навремено презема соодветни мерки за нивно надминување.

Да знае добро да одлучува за работи во својот делокруг врз основа на сите релевантни докази, истражувања и консултации, при што да користи релевантни извори на информации.

Која е основната алатка со која вработените би биле успешни?

За донесените одлуки навремено да го известуваат раководниот службеник и засегнатите страни со цел нивно навремено реализирање. И да ги оценуваат според нив ефектите и влијанието на донесените одлуки во поширок контекст.

Како да треба да се мотивира вработениот во неговото учење и развој во работата?

Раководителот треба да креира култура и создава атмосфера за работа и развој во институцијата со цел вработените да се чуствуваат пријатно, мотивирано и заинтересирано. Да ги поврзува плановите за учење и развој со стратешки преоритети и цели на институцијата и работниот план на организационата единица.

Тие вработени кои ќе посетат обуки и ќе одат на семинари како треба тоа знаење да го прикажат на останатите колеги?

Јас повеќе ја иницирам важноста на учењето и развојот и споделување на искуствата во својата работна средина. Се залагам позитивно да реагираат на иницијативите за промени во институцијата и на вработените да им се дава подршка за учење и посетување семинари за секој вработен и развој во и надвор од работното место. Вработениот треба да ги прифати иницијативите за промени во институцијата.

Кои главни цели ќе ги издвоите како преоритети во ова работа?

– Да поседува подготвеност за учење и развој

– Совесно да ги идентификува сопствените знаења и искуство за да ја подобри работата

– Да го користи стекнатото знаење и искуство за да ја подобри работата

– Активно учествува на обуките, вклучително и обуките преку работа и електронско учење

– Да бара нови извори на информации, идеи и различни пристапи за подобрување на своето знаење

– Да го споделува стекнатото знаење со колегите и го применува во секојдневното работење.




Коментари

коментари