Човек сам бира дали ќе биде среќен секој ден

Староста е како сметка во банка, земаш од неа онолку колку што ти е потребно. Така што, мој совет е на својата сметка да ставаш колку што можеш повеќе среќа.

Еден човек стар 92 години, со гордо држење, добро облечен и уредно среден и избричен, со исчешлана коса, се преселил во старечки дом. Неговата 70-годишна сопруга неодамна почината и затоа тој морал да се пресели. После неколкучасовното чекање, пријателски се насмевнал кога му соопштиле дека неговата соба е подготвена. Додека во својата количка се упатувал кон лифтот, сестрата му ја опишувала неговата соба со прекрасен поглед.

„Тоа е многу убаво“, рекол тој со ентузијазам на осумгодишно момче на кое само што му подариле некоја играчка.
„Господине, па вие сеуште не сте ја ни виделе собата“.
„Тоа не е воопшто важно“, рекол тој „Среќата е нешто кое го бираш однапред. Дали мојата соба е убава не зависи само од мебелот и погледот. Тоа напрво зависи од тоа како јас гледам на нештата. Јас во својата глава веќе одлучив дека мојата соба е убава. Тоа е одлука која ја донесувам секој ден кога ќе се разбудам. Јас бирам дали ќе останам цел ден во кревет и ќе ги бројам деловите од телото со кои имам проблем или ќе станам и ќе му се заплагодарам на Бог за оние делови кои сеуште добро ме служат. Секој ден е подарок за себе и додека сеуште можам да ги отворам очите, гледам во новиот ден и уживам во него сеќавајќи се на среќните мигови од мојот живот.
Староста е како сметка во банка, земаш од неа онолку колку што ти е потребно. Така да, мој совет е на својата сметка да ставаш колку што можеш повеќе среќа.“




Коментари

[fbcomments]