Чуда се случуваат – И најмалечките зрна семе можат да ја создадат најубавата шума

Убавите нешта се создаваат од ништо. Но никој не верува во тоа..

Убавите нешта се создаваат од ништо. Но никој не верува во тоа.
Сите мислат дека Бетовен веќе ги поседувал сите композиции совршено склопени во својот ум – но тие некако се појавиле таму, се создале во неговата глава а се што тој требал да направи е да ги напише на хартија и да ги пренесе на светот.

Но она што сите треба да го сфатат е дека нештата вистински настануваат од ништо. Тие се раѓаат и се создаваат од ништо.
Дури и најмалечките зрна семе во вистинскиот миг можат да ја создадат најубавата шума, но дури и најсовршеното семе во погрешен миг може да се претвори во ништо.

А тоа е нешто кое секој човек треба да го сфати и да му даде храброст дека нештата понекогаш можат да се случат одненадеж.
Ако мислиш дека едноставно постојат луѓе кои се надарени и ги имаат сите тие прекрасни нешта во својата глава а ти не си еден од нив, и ти си само обичен човек кој никогаш не може да создаде нешто такво – тогаш ти живееш некој поинаков живот.

Наместо тоа, треба да започнеш да живееш како нив и да си кажеш на себеси дека дури и кога почетокот е несигурен, крајот може да биде воодушевувачки, како и самите ние, сите некогаш сме биле несигурен почеток, но еве не тука, живееме.




Коментари

[fbcomments]