Чувај се од жена која чита книги!

Не влегувај во расправа со жена која чита. Многу веројатно е дека таа знае и мисли. 


Маж и жена отишле на одмор на едно убаво езеро, меѓу останатото познато и како одлично место за риболов. Мажот сакал да оди да лови риба во првиот знак на зората, а неговата жена тогаш обожавала на мир да чита книги.
Едно утро, мажот после неколку часа рибарење се вратил и одлучил малку да се одмори, а сопругата одлучила сама да одвлесла со чамец по езерото.
Го запалила моторот и отишла на едно осамено место, го пуштила сидрото, ја извадила книгата и почнала да чита во тишина.
Наскоро наишол некој риболовен инспектор и се приближил до нејзиниот чамец и рекол:
-Добро утро госпоѓо, што правите?
-Читам книга, одговорила таа.
-Вие сте на делото од езерото резервиран за спротски риболов.
-Жал ми е господоине, но јас не рибарам. Само седам во својот чамец и читам книга.
-Да, но во чамецот имате прибор за риболов, и што се однесува до мене, можете да почнете со ловење во секој миг. Ќе морам да ве одведам во станица и да го пријавам овој случај.
-Ако вие го направите тоа, јас ќе поднесам тужба против вас за силување – одговорила жената.
-Но, јас не ве ни допрев – рекол инспекторот.
-Да, но вие го имате сиот потребен прибот и што се однесува до мене, можете да започнете во секој миг.
-Пријатно госпоѓо и уживајте во овој убав ден..

Поука:
Не влегувај во расправа со жена која чита. Многу веројатно е дека таа знае и мисли.
А ако веќе се расправаш со жена која чита и мисли, тогаш помири се со тоа дека нема да можеш да ја измамиш.




Коментари

[fbcomments]