Категории

Чувај се од жената која чита книги, многу веројатно е дека таа знае и да мисли!

Маж и жена отишле на одмор на езеро познато како рај за риболовци. Мажот обожава да оди на риболов на изгрејсонце, а неговата жена обожава да чита книги во тишина.

 

Едно утро, мажот по неколку часови риболов се вратил и одлучил малку да поспие, а сопругата тогаш решила сама да ужива со чамецот сред езеро. Го запалила моторот и отпловила на едно осамено место, го фрлила сидрото, извадила книга и продолжила да ужива читајќи ја книгата во тишина.

Наскоро наишол риболовниот инспектор со својот чамец и и рекол:

– Добро утро госпоѓо. Што правите?
– Читам книга, одговорила таа.
– Се наоѓате на делот од езерото резервиран за спортски риболов.
– Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам во чамец и читам книга.
– Да, но во чамецот имате прибор потребен за риболов, така што, што се однесува до мене во секој момент би можеле да започнете со ловење. Приморан сум да ве одведам со мене во станица и да поднесам пријава против вас.
– Ако навистина го направите тоа јас против вас ќе поднесам пријава, но поради силување, одговорила таа.
– Но, јас не ве ни допрев!?, рекол инспекторот.
– Да, но вие за тоа го имате целиот потребен прибор и што се однесува до мене би можеле да започнете во секој момент…
– Пријатно госпоѓо, уживајте во овој убав ден…

Наравоучение:

Не влегувај во расправа со жена која чита. Многу е веројатно дека таа знае и да мисли. А ако веќе се расправаш со жена која чита и мисли, тогаш барем сфати ја нејзината порака помеѓу редови.

Прегледи:
556
Објавено на:
26.11.2021