Категории

Чувајте ги оние кои се покрај вас кога сè е мрачно, не оние кои се тука само кога е сончево

Ова е личност која е значајна, а не таа што е тука само кога работите се добри, таа што е тука само кога работите им се прифатливи. Ако имате таква личност – заштитете ја. Држете ја блиску. Таквите личности се ретки и убави и заслужуваат да знаат колку се важни.

Лесно е да се чувствувате сами во светот, да се чувствувате неразбрани и искористени. Но, мора да ја пронајдете личноста што ве прави да се чувствувате помалку сами, личноста која всушност не може да разбере низ што поминувате, но дава се од себе да се стави во ваша кожа и да види што гледате. Потребна ви е оваа личност затоа што за неа вреди да се борите, тоа е вид на личност која на сите ни треба во нашите животи.


А, кога станува збор за љубовта и врските, потребни ви се луѓе во животот кои ве сакаат за она што сте. Ова е вид на личност на која можете да сметате кога сè ќе се помрачи, кога ќе ви се скрши срцето и ќе се чувствувате како да сте го допреле дното. Ова е личност која е значајна, а не таа што е тука само кога работите се добри, таа што е тука само кога работите им се прифатливи. Ако имате таква личност – заштитете ја. Држете ја блиску. Таквите личности се ретки и убави и заслужуваат да знаат колку се важни.

Прегледи:
625
Објавено на:
04.07.2021