Чувствувајте се удобно во своја кожа: Ова се најефикасните начини за отстранување на целулит!

Доколку се вбројувате во 90% од женската популација добро знаете како изгледа целулитот бидејќи го имате на бутовите, задникот или стомакот. Иако го имаат речиси сите жени, многу мал дел од нив го прифаќаат и се гордеат со него. Најголемиот дел од жените сметаат дека целулитот не го краси нивното тело и на него гледаат како естетска маана која мора да ја отстранат од кожата.

 

Што е целулит?

Целулитот е слој од масни наслаги кои се наоѓаат под кожата. Проблеемот е во тоа што овие масни наслаги се неправилно распоредени под кожата и видливи се на горниот дел од кожата, а тоа не изгледа воопшто убаво. Најчесто е споредуван со кора од портокал.

Постојат повеќе начини како да се ослободите од целулитот. Некои од нив се болни и со краткотраен резултат, но затоа Anti Aging Center by Promoitalia ви нуди брзо, едноставно и најефикасно решение за отстранување на целулитот – антицелулитни масажи и апаратна лимфна дренажа RLC.

Зошто антицелулитната масажа?

Она што треба да го знаете пред почетокот е фактот дека за комплетно отстранување на целулитот од вашата кожа не е потребна само една масажа туку неколку во зависност од вашето тело. Антицелулитната масажа ги разложува крупните грутки на масното поткожно ткиво и поттикнува циркулација на површината на кожата. На тој начин физички се разбива тврдокорниот целулит и масните наслаги порамномерно се распоредуваат под кожата и стануваат помалку видливи. По само неколку третмани резултатот ќе биде видлив, а професионалниот тим на Anti Aging Center by Promoitalia се грижи за вашиот изглед во текот на летото и по тој повод создаде пакет за месец јуни со големо намаление на антицелулитните масажи сѐ со цел да изгледате негувано, самоуверено и без траги од целулит на вашето тело.


Што е апаратна лимфна дренажа RLC и кои се ефектите?

Лимфна дренажа е терапија при која преку метод на впивање на воздухот се создава притисок на точно одредени делови на телото со што механички се потиснува наталожената меѓуклеточна течност. Со терапијата се поттикнува функцијата на лимфниот состав па бргу се лаќат штетните состојки како и вишокот течност. Целокупниот третман доведува до релаксирање, намалување на отоците и подуеноста, а помага и при болка која евентуално била присутна претходно.

Лимфната дренажа е медицинско-козметички третман кој го поттикнува разградувањето на целулитот, го намалува обемот. Преку лимфна дренажа позната и како пресотерапија, се постигнува рамнотежа на течноста во организмот и подобра општа состојба бидејќи лимфата – безбојна течност која се состои од плазма, бели крвни клетки (лимфоцити) и помалку црвени крвни клетки.


Во Anti Aging Center by Promoitalia лимфната дренажа се препорачува на клиентите кои сакаат третмани за обликување на телото и целат кон уште подобри резултати. Лимфната дренажа покрај својата огромна улога во разградувањето на целулитот, повеќекратно делува и на нашиот организам бидејќи пренесува хранливи состојки и кислород од крвта до секоја наша клетка, а на враќање ги собира штетните состојки и се враќа во крвотокот, па поради тоа се препорачува и по хируршки зафати бидејќи ја ублажува болката, долготрајните лузни, задебелувањата на кожата како и подигнување на имунитетот на третираните делови од телото.

Anti Aging Center by Promoitalia само за вас се погрижи да имате можност да ги почувствувате благодетите од овој третман на своја кожа, создвајќи промотивен пакет за месец јуни со големо намаление.


Летото започна, сега е вистинско време да го доведете своето тело до совршенство. Имајте мазна, негувана кожа, намалете го обемот и обликувајте го своето тело онака како што отсекогаш сте посакувале. Месецот јуни во Anti Aging Center by Promoitalia означува промени, грижа за вашето тело и здравје. Искористете ги овие два промотивни пакети и уживајте во своја кожа! Пониски цени за уште поголеми резултати бидејќи Anti Aging Center by Promoitalia е секогаш е тука за вас.




Коментари

коментари