Чија задница вреди 300 милиони долари, а чија „само” пет?

Познато е дека холивудските ѕвезди многу се грижат за своетозадница. Некои од нив станале познати токму благодарение на него. Кога некој дел од телото ви носи толкава заработка и толку слава, нормално е да сакате да се осигурате. Прашањето е само на колку пари. Еве колку славните ѕвезди се процениле себе си…

 


Иако имаше полемики во американските таблоиди дали нејзините гради се природни или станува збор за силикони, кралицата на попот ги осигурала на два милиони долари.

Америка Ферера


Публиката ја запозна Америка Ферера како главната актерка во хит серијата „Грдата Бети“. Америка долго време токму поради таа улога носела фиксна протеза. Кога конечно ја извадила, нејзината блескава насмевка ѝ донела договор со еден познат производител на препарати за орална хигиена, а актерката тогаш си ги осигурала своите заби на 10 милиони долари.

Џенифер Лопез


Нејзината позадина е еден од нејзините заштитни знаци. И во петтата деценија не пропушта прилика да ја истакне во прв план, а сè уште се зборува за нејзиниот провокативен настап на Американските музички награди. Затоа, латино дивата одлучила да го осигура своето „оружје“ на неверојатни 300 милиони долари.

Мараја Кери


На оваа листа таа е апсолутен шампион. Поп дивата ги осигурала своите гласни жици на неверојатни милијарда долари. Вистина е дека Мараја Кери има феноменален глас и дека музичките експерти ја фалат како една од најдобрите пејачки на денешницата, но милијарда долари?!

Кајли Миног


Џебната венера, како што ја нарекуваат австралиската поп ѕвезда, како својата американска колешка го осигурала својот задник, но била поскромна кога станува збор за цифрата. Кајли својата задница ја проценила на 5 милиони долари.

Хајди Клум


Германскиот супермодел и поранешен ангел на „Victoria’s Secret” ги осигурала своите нозе на два милиони долари.




Коментари

коментари