Инспиративни цитати за вежбање

Вежбањето е најважната работа во одржување на посакуваното тело, но се случува да ги имате оние денови кога сакате цел ден да бидете во кревет. Овие цитати од спортисти и од други познати личности ќе ви помогнат да добиете желба за вежбање.

 

„Шампион не се станува во теретана. Шампион се станува од нешто што е длабоко во тебе: желба, сон, визија.“  – Мухамед Али

„Успехот не е конечен, неуспехот не е фатален – тоа е храброст да продолжиш да се бориш.“  – Винстон Черчил

„Она со што се соочуваме може да изгледа несовладувачко, но научив нешто од сите тие години тренинг и натпреварување. Научив нешто од сите тие повторувања, кога не верував дека можам да кренам уште еден грам тежина. Она што го научив е дека сите сме посилни отколку што мислиме.“  – Арнолд Шварценегер

Колку е потешка победата, толку е поголема среќата.“ – Пеле

„Ако секогаш поставувате ограничувања на сѐ што правите во животот, без разлика дали е физички или психички, нема многу да постигнете. Не постојат граници.“ –  Брус Ли

Доколку се обидувате да постигнете нешто, секогаш ќе имате препреки, но тие не мораат да ве запрат. Ако наидете на ѕид, немојте да се свртите и да се откажете. Откријте како да се качите, и поминете низ него – Мајкл Џордан

 




Коментари

коментари