Огромен број на солидарни граѓани донираа во Црвениот крст на РМ

Според Црвениот крст на РМ, во текот на вчерашниот ден се собрани голем број на донации од солидарните гражани од цела Македонија.

  1. Количини на храна кои се собрани во текот на денешниот ден од сите пунктови во Скопје : 20 тони прехрамбени артикли, 10 тони хигиенски средства, 60 000 литри вода , 1000 ќебиња, 1 тон бебешка храна , 3 тони млеко,10 тони облека, 1000 пара обувки .
  2. Парични средства собрани преку телефоните за донација  заклучно со 16 часот  изнесуваат 3 700 000,00 денари.
  3. Првиот конвој помош за Србија се очекува да тргне денес во 11 часот од магацинот  на Црвениот крст во Момин поток , а 20 тони хуманитарна помош за Босна и Херцеговина ќе биде испратени во вторник ( 20 Мај)
  4. Финансиските средства кои ќе бидат собрани на телефоните за донација и на жиро сметката на Фондот на солидарност ќе бидат уплатени на сметките за помош на Србија и Босна на 31.05.2014 година .

Извор:Црвен крст на РМ




Коментари

коментари