Категории

Поучна приказна. Чувајте го својот ангел…

Разговарале човек и ангел..

 

Ангелот му се обратил на Човекот :

  • Сакаш да ти го покажам твојот живот ?
  • Сакам – рекол човекот.

Ангелот го подигнал над земјата и човекот го погледнал својот живот, и покрај него, имало уште едно тело…

  • Кој е тоа покрај мене ?
  • Тоа сум јас – одговорил ангелот. Покрај тебе сум цел живот.
  • А зошто понекогаш се гледам само јас, сам ?
  • Бидејќи тие се најтешките моменти во твојот живот – одговорил ангелот.
  • И ? Ме оставаше сам во најтешките моменти ? Како си можел…? – запраша човекот огорчено.
  • Не, тогаш те носев на раце, – одговори тивко ангелот.

Прегледи:
14
Ознаки:
·