Чек дис аут
Search


Да ја завршиме годината со смеење: Марјан Ѓорѓиевски со стенд ап шоу на „Бродот на среќата“

Неговиот несекојдневен, но реален пристап кон хуморот го препознавме уште пред неколку години и направи вистинска револуција на социјалните мрежи преку хумористичните видеа со кои секогаш успева да не насмее до солзи. Неговото име е Марјан Ѓорѓиевски, а сите љубители на добриот хумор веќе знаат за кого станува збор.

На прагот сме на уште една нова година која со себе носи нови надежи, планови, соништа. Токму затоа, оваа година треба да ја завршиме со смеење и многу изненадувања, а Дедо Мраз го избра Бродот на среќата како совршена локација за исполнување на сите желби. Марјан Ѓоргиевски е вашиот Дедо Мраз кој доаѓа на Бродот на среќата со листа на желби и планови кои му ги испраќавте изминатава година. На 30. декември со почеток во 21 часот тој ќе одржи големо стенд ап шоу, а тоа е одлична причина барем на неколку часа да заборавите на сите проблеми и да се забавувате.

Сите вие кои бевте добри изминатава година картите по цена од 300 денари може да ги набавите во претпродажба: На Бродот на среќата и онлајн на ➡ https://jugoton.mk/tiket2/1149. Резервирајте го вашето присуство и наполнете се со хумор и позитивна енергија во големи дози!




Коментари

коментари