Да му помогнеме на дедо Стојан

Untitled

До темел изгоре куќата на дедо Стојан од село Турије – Дебрца. Седумдесетгодишниот старец го снајде страотна несреќа, пред неполн месец ја изгуби бабичката а сега остана и без својот дом.

Отишол на муабет кај соседите, а сијалицата ја оставил запалена како адет за починатата сопруга. Настанал некој спој и му изгоре куќата и целата покуќнина, а немоќниот дедо не успеал да спаси ништо. Сега спие по комшии.

Сите хумани граѓани можат да помогнат, потребни се финансиски средства, градежни материјали и покуќнина.

Превземено од: Канал 5




Коментари

коментари