Да му помогнеме на семејството Митревски: Хуманитарен фолклорен концерт во Дом на АРМ на 14.04.2019

Во рамките на програмата ЦКА-ПХВ (Црвен Крст во акција – Промоција на хумани вредности) Општинската организација на Црвен Крст Кисела Вода и оваа година повторно одлучи да се приклучи со свои активности. Имено, волонтерите од клубот на млади на Кисела Вода организираат најразновидни активности. Паричните средства собрани од овие активности потоа ќе бидат искористени во следната фаза од нивниот проект.

Имено, станува збор за семејството Митревски кое брои 6 члена (баба, мајка, татко и 3 малолетни деца на возраст од 3, 5 и 7 години). Нивниот дом во Драчево изгорел во пожар пред некоја година, па тие биле принудени да најдат привремено сместување додека не го суредат домот за пристоен живот. Меѓутоа животот е падови и успеси.

Двајцата родители останале без работа и единствените примања што ги имаат биле доволни само за кирија, немајќи пари за храна и најнеопходни средства за домот. Но, финансиската ситуација им се влошила уште повеќе па ги избркале од станот во кој седеле под кирија поради неможноста да ја платат киријата и тие сега се принудени да живеат во нивниот изгорен дом, без струја и вода, со три мали дечиња.

Со цел да им помогнеме ние макотрпно работиме на реализација на хуманитарен фолклорен концерт во Дом на АРМ на 14.04.2019 со почеток од 18:00. Бидете и вие дел од овој настан и заедно да покажеме дека сме хумани и сочувствуваме со туѓата несреќа.




Коментари

коментари