Категории

Да не ми беше толку тешко – сега немаше да бидам толку силен!

Кога илјада пати ќе те скршат – имаш само една опција, повторно да станеш силен. 

Кога илјада пати ќе те скршат – имаш само една опција, повторно да станеш силен.
Предавањето е лесно, тоа е најлесното нешто кое можеш да го направиш, тоа не зависи од другите зависи само од тебе и зборува за тоа колку лесно може да те порази некој.

Секогаш ќе има такви кои ќе сакаат да го гледаат твојот пат, како ползиш и не успеваш да се кренеш на нозе, а твоето предавање само ќе ја направи нивната победа уште послатка.
Не мораш да се помириш со тоа, не мораш да бидеш жртва и да ги кренеш рацете во знак на пораз. Имаш само еден избор а тоа не е предавање – тоа е повторно да станеш силен.

Секој нов ден барај нови начини и крои нови планови кои ќе те издигнат од пепелта. И колку да се мали и незначајни, еден ден ќе направат голема разлика. Еден ден ќе се сетиш на нив и на сето ова и ќе си кажеш на себеси: „Да не ми беше толку тешко, немаше сега да бидам олку силен!“

Прегледи:
501
Објавено на:
20.04.2020