Категории

Дакота Џонсон во провокативно издание на ревијата на Gucci

Ѕвездата од мегапопуларниот филм “50 нијанси на сиво” е верен фан на модната куќа Gucci, па го проследи најновото шоу од првите редови заедно со своите сестри Стела и Грејс Џонсон, облечена во неодоливо провокативна тоалета на брендот.

Ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон која се стекна со енормна популарност во еротскиот филм, уште еднаш покажа дека може да се изгледа опуштено и лежерно дури и во елегантни тоалети на луксузните брендови.

Долгата цветна тоалета со длабоко деколте ја искомбинира со рамни розови сандали а целокупниот изглед го заокружи со големи ретро очила за сонце и слатка розова ташна.

Прегледи:
640
Објавено на:
01.06.2017