Дал отказ за да собира Покемони…

Целиот свет буквално полуде по играта Pokemon GO, а секојдневно, бројот на корисници продолжува да расте.

24-годишниот Том Бари од Окленд дал отказ за да може „слободно“ да тргне на двомесечно патување низ Нов Зеланд и да лоби Покемони на популарната игра Pokemon Go која го полуде светот.


Кари од 6-ти јули кога беше објавена играта поминал пеш околу 50 километри и притоа успеал да собере над 700 Покемони.

„Моментално сум на 20-то ниво, највисокото ниво кое сум го видел досега. Но, тоа беше се додека не пристигнав во Крајстчрч каде што има многу подобри играчи од мене“, вели Том Бари кој сепак призна дека се мачи со големиот број на багови кои ги има оваа популарна игра.

Имено, со оглед на тоа што речиси никој не очекувал толку голема популарност на оваа игра, апликацијата на големо незадоволство на корисниците поради преотеретеност започна да се срушува само неколку часа по излегувањето.




Коментари

[fbcomments]