Дали белото вино е лошо за вашата кожа?

Сигурно веќе ви е добро познато дека алкохолот влијае врз вашата кожа, а исфрлањето на кофеинот, алкохолот, шеќерот прави чуда за вашата убавина.

Според последното истражување објавено од весникот на Американската Академија за дерматологија  (Journal of the American Academy of Dermatology), белото вино предизвикува воспаление на вашата кожа.

Истражувањето покажало дека жените кои пиеле една до три чаши неделно, имале 14% поголем ризик за розацеа, додека оние кои пиеле пет чаши неделно го зголемуваат овој ризик до 49%. Интересно е што истражувањата покажале дека црвеното вино не ги има истите ефекти на кожата, што е супер вест за оние кои преферираат темно вино.

 




Коментари

коментари