Дали би потрошиле 1.1 милион долари за новиот Nissan GT-R 50?

 Новиот Nissan GT-R 50 беше претставен на саемот за автомобили во Њујорк.

Овој автомобил е најавен минатата година на фестивалот „Goodwood“, а сега беше претставен првиот модел кој го привлече вниманието на сите посетители.
GT-R 50 е специјална серија и ќе се произведат само 50 автомобили чија цена ќе изнесува 1.1 милион долари, што е искличително висока бројка за возило од компанијата Nissan.
Иако овој автомобил изгледа фантастично, главна атракција е неговиот агрегат кој се крие под хаубата. Него го придвижува силниот 3.6 литарски V6 мотор кој произведува 710 коњски сили. За жал, Nissan се уште немаат објавено колкаво е забрзувањето на GT-R 50 моделот и колкава ќе биде неговата максимална брзина, но се претпоставува дека брзина од 280 km/h ќе развие „како од шега“.
Nissan се имаат потрудено овој автомобил да го направат многу модерен, па на него има модерни LED фарови, каросерија од карбонски влакна и ултра светли алуминиумски фелни, додека во внатрешноста на автомобилот се кријат различни сензори кои му помагаат на возачот да го контролира возилото со монструозна сила.




Коментари

[fbcomments]