Дали дебелите мажи се подобри во кревет?

Турски научници велат дека мажите со поголем стомак се подобри љубовници од оние слабите.

Научници во Турција заклучиле дека дебелите мажисе подобри љубовници од слабите и дека оние кои имаат стомак се поиздржливи. Така сексот со нив трае 7.3 минути додека сексот со слабите трае 1.8 минута.

Исто така, Турците утврдиле дека слабите мажи се помалку вешти во кревет од оние подебелите, кои подобро знаат да ја задоволат жената. Еден од причините за тоа е тоа што имаат помалку проблеми со предвремена ејакулација.

Научниците тврдат дека за овие резултати заслужни се наслагите на сало на машкиот стомак, кој на дебелите мажи им помага да постигнат рамнотежа кај хормоните.

Наводно, мажите со вишок килограми имаат повеќе женски хормон естрадиол, кој е еден облик на естроген. Научниците веруваат дека баш тие хормони помагаат за рамнотежата на хемикалиите во мозокот кои ја контролираат ејакулацијата, па пониското ниво на женските хормони кај мажите може да причинува проблем на ова поле.



Коментари

коментари