Категории

Дали е количината на секс поврзана со среќата? Еве колку често водат љубов заљубените парови!

Истражувањето дало неочекувани резултати. Дека сексот не е најважната работа во врската, потврдиле и резултатите од 4-годишното истражување објавено во стручниот американски магазин Social Psychological and Personality Science.

Тема на истражувањето била поврзаноста на количината на секс со задоволството во врската, а сознанијата до кои дошле научниците може да ве изненадат.

Имено, резултатите од истражувањето откриле дека паровите кои водат љубов еднаш неделно најчесто се многу посреќни од оние кои тоа го прават почесто или поретко.

Исто така, се покажало дека сексот носи поголемо задоволство во врската од парите, односно дека паровите кои имаат редовен секс и пониски месечни приходи се посреќни од богатите кои водат љубов помалку од еднаш неделно.