Дали е можно патувањето низ времето?

Дали некогаш сте имале желба да патувате низ времето? Добри вести! Веќе го правите тоа. Поминувате низ времето дури и кога седите дома на каучот. Постои само еден проблем, можете да се движите само во една насока.

Поважното прашање е дали можеме да патуваме во минатото? Колку што знаеме, не. Не постои познат механизам кој ни овозможува физички да пренесуваме информации од сегашноста во минатото. За патување низ времето е потребна брзина побрза од брзината на светлината.

Што е времето? Зошто времето се движи само во една насока? Не знаеме. Ова незнаење има последици за нашите теории. Откако теориите се формулирани, луѓето сакаат да си играат со нив и да ги прекорачуваат границите на реалноста. Црни дупки и големата експлозија некогаш биле само идеи од теоријата на општата релативност. Може ли истото да се случи со патувањето низ времето?

Технички, можете да се движите побрзо од светлината, така што буквално ќе ги покриете големите растојанија во кратките временски интервали. Можете да патувате наназад или нанапред низ времето така што ќе се движите околу него. Како што се врти цилиндерот, тој може да го искриви просторот-времето околу својата оска, што ќе и овозможи на хипотетската временска машина да патува назад или напред низ времето, пратејќи ги специфичните патеки околу објектот. Единствениот неопходен услов е бесконечната должина на моменталниот пол, што е всушност невозможно.

Сè на сè, се чини дека патувањето низ времето е прилично тешко. Не можеме да докажеме дека е сосема невозможно, но немаме доволно докази кои ни сугерираат дека е можно. Со тоа што не го разбираме самиот концепт на времето, ни недостига голем дел од сложувалката.

Ова не значи дека истражувањата се залудни, тие, всушност, можат да ни помогнат подобро да ги разбереме сегашните теории. Но бидете критични кон оние кои тврдат дека го пронашле начинот да патуваат низ времето.




Коментари

коментари