Категории

Дали е оправдано понекогаш да чепкате во телефонот на партнерот?

Ќе ве изненади фактот дека мажите се оние кои најчесто „душкаат“ по телефоните на своите понежни половини. Обично бираат време кога девојката е во бањата или кога ќе заспие па на мира да ги погледнат нејзините разговори со другите луѓе..

Довербата се смета за основа на секоја љубовна врска.
Ако неа ја нема тогаш нема да има нити стабилен однос помеѓу двајца луѓе. Класичен пример за недоверба е листање на пораките во телефонот или мејловите на саканата личност. Меѓутоа, дали понекогаш е оправдано земањето на телефонот на партнерот без негово знаење?

Веројатно ќе помислите дека таквото однесување би можело да означи крај на љубовната врска. Но најновите истражувања покажуваат дека повеќе од половина личности кои се во среќна врска па и брак, од време навреме ги прелистуваат пораките на телефонот на саканата личност. Исто така тие исти особи признаваат дека нивната намера не е утврдување на неверство или било што слично, туку едноставно радозналост. Освен тоа, тие самите кажуваат дека е сосема реално да очекуваат и нивниот партнер да го прави истото.

Ќе ве изненади фактот дека мажите се оние кои најчесто „душкаат“ по телефоните на своите понежни половини. Обично бираат време кога девојката е во бањата или кога ќе заспие па на мира да ги погледнат нејзините разговори со другите луѓе. И покрај тоа што тие не бараат доказ дека таа се допишува со други мажи на социјалните мрежи, оваа љубопитност би можела да ја разниша врската ако биде откриена.

Како да одолеете на искушението?
Ако некогаш дојдете во прилика да ги прочитате пораките на својот сакан, прво што треба да направите е да си го поставите прашањето на себеси – зошто го правам тоа?
Дали постои причина за сомнеж во саканата личност? Ако постои, тоа секако не се решава со читање на неговите пораки со другите луѓе. Комуникацијата е најважна, затоа што таа доведува до пораст на довербата помеѓу партнерите. Најлошото што може да ви се случи е погрешно да ги протумачите пораките кои сте ги прочитале и да предизвикате кавга па дури и раскинување поради непромисленост.

Имајте на ум дека ако некој не ја заслужува вашата доверба, тогаш не треба нити да бидете во врска со таа личност.

Прегледи:
639
Објавено на:
28.09.2020