Дали е ова најубавата фотографија која ја објавила Ким Кардашијан досега?

Ким Кардашијан го растопи светот со фотографијата од своите деца – нејзиниот син Сеинт и ќеркичката Чикаго. Преслатките деца позирале за познатата мајка по будењето, а на фотографијата е јасно колку Сеинт ја сака својта сестричка.

„На сите нас понекогаш ни треба прегратка“, напишала Ким на фотографијата. Тука ја нема Норт, но Ким неодамна изјавила дека нејзината најстара ќерка не ја интересираат многу младите брат и сестра.

Неодамна кај Елен ДеЏенерис познатат старлета изјави дека Норт сепак е попопустлива кон помалата сестра, отколку кон братчето. „Но, вчера ме шокираше. Јадеше пуканки и го понуди Сеинт! Ме изненади. Таа обично ништо не сака да дели со нив – така што ова беше голем настан за нас“, низ смеа раскажа Ким.

Инаку, Ким и Кание своето трето дете, Чикаго го добија со помош на сурогат мајка.




Коментари

коментари