Дали е здраво да се пие цеден портокал наутро?

Вистина или заблуда за омилениот пијалак – дали е здраво да се пие наутро?

Милион пати во филмовите сме забележале дека совршеното утро го прави појадок во кревет кој секогаш го краси и цеден сок од портокал. Освен тоа што е неверојатно вкусен, многумина се водат според теоријата дека е е здраво да се пие наутро.
Сепак, реалноста е малку поинаква.

Кога ќе се напиете сок од портокал или било кој друг сок, сеќерот од сокот го подигнува нивото на серотонин (хормонот на среќа), што ве прави среќни за кратко, но сте потполно без елан. Поради дејството на инсулинот кој се активира при внесувањето на сокот, набрзо доаѓа до пад на шеќерот и енергијата.

За да се чувствувате добро, потребно е да се активира допамин, хормон кој ќе ви даде утрински елан, разбуденост и ментален фокус.

Она што го внесувате прво во вашиот организам наутро влијае директно на вашите невротрансмитери и тоа одлучува како ќе функционира вашиот мозок. Поради тоа, доста е важно да имате утрински оброк и да внесувате јаткасти плодови, а кога е во прашање пијалокот – се препорачува исклучиво вода.




Коментари

[fbcomments]