Дали ги видовте новите Calvin Klein 205W39NYC патики?

Љубовта кон патиките е вечна. Не постои модел на обувки кој е поудобен од патики. Затоа дизајнерите постојано претставуваат нови модели и дизајни. За повторно да се чувствувате како дете од деведесеттите години доволно е да ги имате новите патики на Calvin Klein.

Легендарните патики „Carla“ на брендот Calvin Klein се „ажурирани“ за новата сезона пролет 2019 и доаѓаат во светли бои кои ќе ве истакнат од останатите.

Можете да ги носите со широки фармерки, тренерки, кратки здолништа, кожни јакни и чорапи во неонски бои.




Коментари

коментари