Категории

Дали го знаете она чувство кога ќе направите 50 селфи фотки, но ниту една не е доволно добра за Instagram?

ОТКРИТИЕ НА ГОДИНАТА-Научниците открија зошто на некои селфи фотки изгледате ужасно!

Дали го знаете она чувство кога ќе направите 50 селфи фотки, но ниту една не е доволно добра за Instagram? Не ви е јасно, затоа што кога се гледате во огледалото, изгледате одлично, но камерата баш не ве сака.

Токму со овој проблем , неколку научници и лекари , решија да се заинтересираат и да ја откријат причината што сите не мачи.

 

Во една студија објавена во научно списание за естетски хирурзи, се вели дека причината за тоа е положбата на раката, односно растојанието на лицето од камерата.

,,Со години, моите пациенти доаѓаа со селфи фотки на кои што носот им изгледа огромно, но тоа не беше така во реалноста. Сакав да им го докажам тоа”, вели д-р. Борис Пашковер, козметички хирург и еден од авторите на студијата.

 

Просечното растојание помеѓу вашето лице и раце додека правите селфи фотографија е  околу 30 см. На ова растојание, откритието на лекарите објаснува дека , се предизвикува изобличена перспектива што го прави носот да изгледа 30 проценти поширок отколку што е во реалноста.

Научниците од Универзитетот Стенфорд заклучиле дека нема да дојде до такво искривување на фотографијата кога се прави на поголема оддалеченост, па сега  можеби навистина треба да размислите за познатиот селфи стик.

Прегледи:
385
Објавено на:
14.03.2018