Дали мачките навистина имаат девет животи?

За мачките често се вели дека имаат девет животи, но, нивниот животен век зависи од многу фактори. Животниот век на мачките зависи од тоа дали станува збор за домашна или улична мачка.

Уличните мачки секојдневно мораат да се снаоѓаат да дојдат до храна,  да се грижат за своите мали мачиња и да се борат со разни болести од кои не можат да се излечат.

Тие се во постојана опасност од повреди и смрт и поради тоа живеат само две до пет години.

За разлика од нив, домашните мачки не се соочуваат со проблемите со кои се соочуваат уличните мачки. Нивните сопственици постајно се грижат за нив, за нивното здравје, хигиена и постојано ги хранат. Токму поради тоа, просечниот животен век на овие мачки е од 12 до 15 години.




Коментари

коментари