Категории

Дали магијата на Сан Франциско ќе светка илјадници километри во далечина? Откријте во „Ајде погледни ме сега“, новото дело на Миранда Дикинсон #КнигаНаНеделата

Позната по своите љубовни приказни, оваа авторка со шест нејзини дела била на врвот на Сандеј Тајмс за најпродавани книги. Британската писателка Миранда Дикинсон е родена во 1973 година, аа себе вели дека отсекогаш сакала да биде писателка, а нејзиниот талент е очигледен бидејќи нејзината прва книга „Fairytale of New York“ во 2009 година веднаш станала бестселер.

 

 

Досега две нејзини книги се издадени на македонски јазик, „Кога се заљубив“ и „Сè започна со бакнеж“, а тие многу брзо станаа омилени кај љубителите на романтични приказни кај нас. Денес нејзината трета книга во издание на Култура ја има својата промоција.

„Ајде погледни ме сега“ е  приказна за Нели Саливан, која секогаш била позната како „Госпоѓата со петгодишен план“.

Но, кога ќе остане без работа и без момче во ист ден, ќе одлучи дека е време за нови промени. Ќе ги потроши сите пари на патување во Сан Франциско, каде ќе запознае многу нови и различни луѓе, вклучувајќи го интригантниот и прекрасен Макс Роси. Многу брзо градот ќе почне да го чувствува како свој втор дом. Но, кога ќе дојде време да се врати дома, во Лондон, дали ќе ја остави „новата Нел“ зад себе?

 

#СреќнаСреда посветена на #МирандаДикинсон 💛🍀 Промоција на нејзината нова книга „Ајде погледни ме сега“ и голем попуст на вашите омиени љубовни приказни „Кога се заљубив“ и „Сѐ започна со бакнеж“. Само оваа среда, во книжарница и онлајн, среќни цени на книгие од Миранда Дикинсон! 💛➡ http://kultura.com.mk/avtor/miranda-dikinson/ #ЛетнаАвантураСоКултура#summer#style#bookstore #bookshop#култура#книги#ипкултура#ipkultura#инстаграмџии#инстаграмџики#фотонанеделата#фотонаденот#фото#vscobalkan#vscocam#ig_tones#igers#vscomacedonia#vscoskopje#vsco#book#bookstagram#booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

Дали магијата на Сан Франциско ќе светка илјадници километри во далечина? Ќе откриете во новото дело на Миранда Дикинсон кое од денес е достапно во книжарницата Култура, каде се достапни и другите нејзините книги со специјален попуст.

 

Прегледи:
758
Објавено на:
25.07.2018