Дали оваа дефиниција за убавина од Ема Вотсон е нешто најискрено што можете да го прочитате?

Прекрасните зборови на паметната Хермиона, (Ема Вотсон), која веќе успеа да стане амбасадор на добра волја на Иницијативата за права на жените на Обединетите нации ја дефинира убавината со следните зборови:

“Верувајте ми, убавината не е долга коса, тенки нозе, исончан тен и убави заби. Убавината е лицето на личноста која плачеше пред малку, за одеднаш да се насмевне. Убавината е лузната на коленото која ви остана кога паднавте како дете. Убавината се подочниците кои ги имате, бидејќи не можевте да спиете, зошто сте вљубени. Убавината е изразот на лицето кое го разбуди будилникот, таа е разлеана шминка под тушот; таа е кога се смееш на шегата која само ти ја разбираш. Убавината се брчките кои ни ги нацрта времето. Убавината е она што го чувствуваме во себе, и како тоа не менува однадвор. Убавината се сите трагови кои животот ни ги остава, сите удари и сите бакнежи кои ни остануваат во меморијата.“




Коментари

коментари