Дали пристојноста е опасна по здравјето?

Љубезните манири можат да бидат причина за грип. Време е да заборавите на претераната љубезност и да почнете да водите сметка за здравјето

Слабата друштвена внимателност помага во брзиот напредок во животот и кариерата, но изгледа и во зачувување на здравјето. Докторите велат дека наградата за пристојност, да речеме, дозволување на болен пријател да проба од вашиот пијалок, може да резултира со прелага, орален херпес и тежок облик на грип. Сезоната на настински е тука, а секако ние не ви предлагаме да бидете неучтиви и груби, само треба да ги модифицирате нкои од непотребните љубезни навики.

Дозволување некој да пие од вашата чаша
Плунката пренесува многу болести и затоа не дозволувајте вашата чаша да стане легло на бацили. Кажете: „Ми се чини дека ме фаќа настинка, не сакам да те заразам“.

Бакнеж при средба
Сочниот бакнеж во образ може да ви пренесе бацили, кои притоа преку ноздрите или устата стигнуваат до организмот. Ако некој тргне да ве бакне, вие подобро прегрнете го така што го избегнете директниот контакт со кожата. Вистина е дека кога сте во контакт со некого тоа не може да се избегне, но директниот контакт со кожата е многу по лош.

Делење десерт
Ако вашата пријателка ве замоли да го проба вашиот колач, поделете го и ставете половина на нејзината чинија, шегувајќи се: „Ако не го поделиме, ќе се занесам и ќе изедам се“. Така ќе избегнете пренесување на бацили, ќе внесете помалку калории и ќе испаднете супер великодушни.

Ракување
Општо е познато дека рацете се вистински извор на зарази, но понекогаш ракувањето е невозможно да се избегне. Затоа водете сметка да ги измиете рацете веднаш по ракувањето или да ги намачкате со сретство за дезинфекција и тоа веднаш пред да го допрете лицето.




Коментари

[fbcomments]