Категории

Дали слушате премногу гласна музика? – Како тоа влијае врз слухот

Дали гласната музика навистина може да го оштети слухот?

Иако слушањето на омилената песна со зголемен волумен на гласот нема да направи да го изгубиме слухот, но секако може да влијае врз слушниот апарат.

Спрема канадските стручњаци, привременото губење на слухот предизвикано од бучава е се почесто кај младите луѓе и тинејџери. Спрема нив, дневното изложување на премногу гласна музика, било преку звучници, слушалки или на концерт може да предизвика оштетување на слухот и во некои случаи и привремена глувост.

Доколку одите на концерт, совест е да носите чепови за уши. Исто така, доколку личноста покрај вас може да ја чуе музиката која ја слушате на слушалки, голема е веројатноста дека сте го појачале волуменот повеќе од нормалното.

Покрај тоа, гласната музика може да го оштети слухот а слушањето преку слушалки може да биде и опасно доколку учествувате во сообраќајот.