Иако уште одамна се верува дека се знае се за кондомите, многу луѓе и понатаму веруваат во митовите за презервативите.
1. Ако ставите лубрикант на кондомите, ќе го спречите неговото пукање
Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.
2. Кондомот штити од сите полово преносливи болести
Кондомите не штитат целосно од гениталниот херпес, ХПВ, сифилис и срамните вошки. Презервативот не е доволна заштита ни за гениталниот херпес и оралниот херпес, за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и по полов пат. Ако имате ХПВ или херпес може да поминат години без да се појават никакви симптоми и да не знаете дека сте болни, а притоа да му ја пренесете болеста на партнерот.
3. Ако сте алергични на латекс, не можете да користите кондоми
Можете да користите кондоми направени од полиуретан и полиизопрен.
4. Можете да ги чувате кондомите во паричник
Ако чувате пакетче кондоми во паричник подолго време, може да се оштети материјалот од кој е направен презервативот и да се создадат ситни дупчиња на него.
5. Ако користете два кондома одеднаш, ќе ја зголемите заштитата
Користењето два кондома одеднаш, всушност ја намалува заштита, бидејќи се создава поголемо триење и поголема шанса презервативот да пукне.