Категории

Дали снегот и студеното време ќе го уништат коронавирусот? Стручњаците откриваат!

Ненадејните, нагли промени на температурата не оставија затечени и многумина од нас се прашуваат дали заладувањето или високите температури ќе влијаат врз корона вирусот.

Дали врз него ќе влијае снегот кој паѓа во нашата земја?

Некои вируси се директно „загрозени“ со студеното време. Имаат опсег на температура на кој опстануваат, кој зависи од нивниот липиден слој кој го опкружува вирусот. Токму поради овој слој важно е да ги миете рацете со сапун, бидејќи тој разложува масни супстанци.

Кога температурата нагло ќе падне, тоа го менува и однесувањето на луѓето. Тоа има двојно дејство – помалку ќе излегуваат и помалку ќе бидат во контакт со луѓето надвор.

Австралијанците се надевале дека со доаѓањето на зимата ќе исчезне и корона вирусот, но нивните стручњаци објасниле дека не е така.

„Истражувањата за коррона вирусот и понатаму траат, но мора да забележиме дека се прошири низ целата  планета, без обзир во која климатска зона се наоѓа. Тоа сугерира дека вирусот не е толку подложен на промените на температурата“, изјавил пулмологот Том Коцимбос од Мелбурн.

Вирусот во многу студените или многу топлите земји го донесоа луѓето кои допатувале од жариштето, па затоа особено е важна и имунолошката слика на населението, додава докторката Мери Шил од Националниот институт за јавно здравје и епидемиологија на Австралија.

„Ние сѐ уште не знаеме доволно за овој вирус за да знаеме дали реагира на временските услови. Но постојат индикации дека е пресудно каков имунитет имаат жителите, а не какви се временските услови во кои живеат“, наведува таа за Гардијан.

Прегледи:
557
Објавено на:
24.03.2020