Дали сте „материјал за брак“?!

Кој е вистинскиот партнер за заедничка иднина? Како да знаете дали тоа е тоа?

Вистината е дека сите во главата имаме(или сте имале) некоја совршена слика за вашиот иден партнер: убав, згоден, паметен, вреден, дотеран, а најновите истражувања го покажуваат токму тоа. Сите сакаме совршеноство, а тоа го нема.

Во новата студија објавена во списанието Social Science Research, истражувачите сметаат дека веројатноста некој да стапи во брак, зависи од три фактори: физичката привлечност, карактерот и грижата за својот изглед и хигиена. Вкупниот резултат добиен врз основа на овие три фактори, би можел да биде поврзан со тоа дали или не, ќе стапите во брак.

За да се утврди „факторот за брак“ истражувачите анализирале податоци на повеќе од 9.000 луѓе од National Longitudinal Study of Adolescent Health. За целта на истражувањето вршени се интервјуа, на кои одговорите на испитаниците биле оценувани на скала од 1 до 5. Колку е повисок резултатот, толку е поголема веројатноста тоа лице да стапи во брак.

Што ни кажува тоа? Луѓето сакаат комплетен пакет кога размислуваат за заедничка иднина со некого. Тоа го објаснува фактот дека згодниот дечко, без карактер и лична хигиена е сеуште слободен. Резултатите покажале и дека може да постои компензација меѓу овие фактори, поголемото присуство на еден, да надополни за пониско ниво од друг фактор. Многу често карактерот, се покажува како вистинската убавина на човекот.

Главно може да заклучиме дека не сме сите совршени, треба да си ги знаеме слабостите, но и да ги истакнеме нашите позитивни страни. Овие фактори можеби даваат некои показатели дали сте материјал за брак, но во суштина прво и најважно е да постои желбата да планираш заедничка иднина со некого.




Коментари

коментари