Дали сте опседнати со вашиот партнер?

Почетокот на секоја љубов е возбудлив. Се чувствувате како да сакате да се качите на највисокиот врв и да викнете на сиот глас колку го сакате својот партнер.

Сигурно сте се затекнале себеси дека постојано зборувате само за вашиот партнер, ако е тој единствената тема на која сакате да зборувате, природно е да се запрашате дали всушност е тоа здраво..?
Стручњаците го имаат одговорот на тоа прашање. Делењето на среќата со пријателите и членовите од семејството е една од најдрагите работи во животот. Разговорите за вашите чувства може да ви помогнат да сфатите што сте направиле кога сте се нашле во ситуација во која сте биле збунети. Барањето на совет од блиските личности и разменувањето на искуства може дополнително да ве поврзи со нив.

Но ако од сето тоа зависи вашата продуктивност на работното место, ако постојаното размислување за вашиот партнер ви задава тешкотии да се фокусирате на работата, тоа можеби е навистина сериозен проблем.
Разговарањето за вашиот партнер е нормално се додека тоа не ви смета во секојдневието и ви дозволува да функционирате најнормално. Меѓутоа после почетната „розова“ фаза на заљубеност, тоа би требало малку да се промени.
Едно е да се зборува за вашата љубов а друго е потполно да ја насочите својата ментална енергија кон вашиот партнер, вклучувајќи и се друго – вашите секојдневни интереси, хобија и друштвен живот. Тоа веќе преминува во опсесија за која е потребна дополнителна помош.




Коментари

[fbcomments]