Категории

Дали сте подготвени за новиот Голф 8? (ГАЛЕРИЈА)

VW компанијата открива дека новиот Голф 8 ќе почне да се произведува во септември и веќе во октомври ќе го има првото официјално претставување, а првите модели за продажба ќе ги почекаме до февруари 2020 година.

Популарниот авто портал „carscoops“ успеал да обезбеди фотографии кои ни овозможуваат да видиме како ќе изгледа новиот голф 8. Имајте во предвид дека ова не е финалниот изглед на овој модел и може да има уште неколку промени на конечниот модел, но овие фотографии сепак може да ви помогнат да сфатите за каков автомобил се работи и колку поинаков ќе биде од претходните модели.
Иако VW ги крие сите информации поврзани со карактеристиките и перформансите на новиот Голф, познато е дека тој ќе има многу опрема како што се модерни LED фарови, помош при управување, помош при кочење, контрола на пролизгување итн.
Новиот Голф делува многу поширок и повеќе агресивен од претходните модели. На многумина не им се допаѓа неговиот изглед, а вам ?