Категории

Дали сте подготвени за поинаков вкус? Направете џем од тиква и кокос! (РЕЦЕПТ)

Џемот се подготвува од хокаидо тиква која може да ја купите во сите снабдени продавници кај нас.

Состојки:

  • 500г хокаидо тиква
  • 250 мл незашеќерено кокосово масло
  • 180 г шеќер за џем
  • Сок од ½ лимон и кора од лимон
  • 3 лажици кокосс

Подготовка:

Лимонот измијте го и ситно изрендајте ја кората. Тиквата измијте ја, исчистете ја од семки и исечете ја на коцки. Хокаидо тиквата нема потреба да ја лупите.

Исечената тиква заедно со кокосовото млеко ставете ја во тенџере и варете 10-15 минути. Повремено мешајте.

Потоа, испасирајте ја тиквата, додадете шеќер, кокос, изренданата кора и сокот од лимон. Варете околу 4 минути и добро промешајте.

Врелиот џем ставете го во чисти, стерилизирани тегли и добро затворете. Џемот се служи со путер или неутрален крем сир – верувајте совршено се сложува со вкусот.

Прегледи:
503
Објавено на:
07.10.2021