Дали сте помеѓу нив? – Натпросечно интелигентните жени ги имаат овие особини

Едно истражување во кое учествуваа преку 1000 жени со висок коефициент на интелигенција, се утврди за тоа кои особини се заеднички. Ова се дел од резултатите ои беа добиени од оваа студија:

Прилагодливост
Интелигентните луѓе се флексибилни па и во различни ситуации многу прилагодливи. Секогаш се ориентирани кон решавање на проблемите, а не на полемиката која е причината и кој е крив.Ваквите луѓе лесно се прилагодуваат кон средината и новонастанатите околности.

Свесни се дека не знаат баш се
Интелигентните луѓе без проблем признаваат кога нешто не знаат или не се добро запознаени со некоја тематика. Не се плашат да кажат „не знам“ и да побараат објаснување.

Жедни се за ново знаење
Алберт Ајнштајн рекол „Немам некои посебни таленти, само сум страсно љубопитен“. Анкетата покажа дека паметните луѓе имаат фасцинација према, на прв поглед, вообичаени нешта. Она што другите не го забележуваат и го земаат здраво за готово, ним и е многу интересно и вредно за истражување.

Самоконтрола на високо ниво
Интелигентните луѓе се во состојба да ја надвладеат својата импулсивност и добро да се контролираат.

Тие се духовити
Натпросечно интелигентните луѓе многу често имаат добра смисла за хумор, а со тоа се сложуваат и научниците. Тие открија дека луѓето кои можат да напишат смешна приказна имаат натпросечна интелигенција.

Емпатични се
Интелигентните особи можат да почувствуваат што мисли и чувствува нивниот соговорник, покажа анкетата. Некои психолози потврдуваат дека луѓето се емпатични и многу лесно можат да ги прочитаат другите луѓе.




Коментари

коментари