ДАЛИ СТЕ РОДИТЕЛ? ТОГАШ МОРА ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВАА РЕКЛАМА!

Рекламите кои се прикажуваат во текот на “Super Bowl” најчесто имаат за крајна цел да привлечат огромно внимание од страна на публиката. Но, рекламата која ја рекламира осигурителната компанија “Nationwide” успеа да ги шокира и растажи Американците.

Во неа ова момче зборува за тоа што сè нема да може тој да направи во својот живот.

Тој вели дека никогаш нема да може да научи да вози велосипед, ниту да лета, ниту да патува околу светот со својот најдобар пријател, ниту пак да се ожени и да порасне… бидејќи починал во незгода.

Ова видео на YouTube мрежата за само 24 часа го погледнале речиси 3 милиони луѓе, а друштвените мрежи беа преплавени главно со негативни коментари.

Сепак, целта на оваа реклама беше да се укаже на фактот дека поголемиот дел од смртните случаеви кај малолетни лица можат да се спречат.

– Нашата намера не беше само да го продадеме осигурувањето, туку и да започнеме цела расправа за нешто што на сите нас ни е многу блиско – за сигурноста на нашите деца. Свесни сме дека рекламата на многумина не им се допадна, но се надеваме дека ќе започне дискусија за сето ова и дека ќе влијае на зголемувањето на безбедноста на децата секаде во светот, пишува во официјалното соопштение.

Погледнете:

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=dKUy-tfrIHY[/tube]




Коментари

коментари