Категории

Дали сте слушнале за „CRAM“ диетата?

„CRAM“ диетата добива се поголема популарност меѓу луѓето кои сакаат да изгубат килограми.

Многу луѓе сакаат да го подобрат својот изглед и здравје. Затоа диетите се повеќе добиваат на популарност. Изборот на диети е навистина голем.
Диетата за која секојдневно се одлучуваат се повеќе луѓе е „CRAM“ диетата.
„CRAM“ диетата го добила своето име по намирниците кои сметат да се користат:
-C „cereals“- житарици
-R „rice“- ориз
-A „apples“- јаболки
M „milk“- млеко

Па, додека сте на диета смеете да ги конзумирате само овие намирници.ё
Оваа диета е измислена за луѓето кои имаат чувствителен стомак и проблеми со дигестивниот тракт. Меѓутоа, луѓето кои ја применувале забележале дека лесно ги губат килорамити кога ги конзумираат овие намирници, па така за брзо време „CRAM“ диетата стана многу популарна.
Сигурно се прашувате: Зошто се јадат само овие намирници?
Производите од житарици и ориз му пружаат на телото влакна, а тоа го подобрува метаболизмот и овозможува брзо исфрлање на токсините од телото. Јаболките се богати со пектин кои го регулираат нивото на шеќер во крвта, а млекото обезбедува протеини, минерали и витамини.


Сепак, нутриционистите предупредуваат дека оваа диета не треба да се користи долго време затоа што телото може да ославе ако долг временски период се храни само со овие намирници.
Доволни се 5-7 дена и ќе ги забележите резултатите.
По тој период може да се вратите на разновидна, но умерена исхрана, па по одреден период повторно да го примените „CRAM“ третманот.

Прегледи:
364
Објавено на:
21.06.2019