Категории

ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ДИЕТАТА 16:8?

Диета се состои од секојдневен пост и умерено уживање во храната.

 

Континуирано ни доаѓаат различни диети и за секоја се тврди дека токму таа е најдобра, најздрава и најефикасна.

Диетата 16: 8 е нов тренд, кој се состои од секојдневен пост и умерено уживање во храната.

Имено, секој ден се состои од 24 часа, а вие 8 часа можете да јадете, а 16 часа треба да постите.

Оние кои пробале кажуваат дека не е толку тешко. Најголем број луѓе на оваа диета јадат од 08 до 17 часот или од 10 до 18 часот, што значи дека не јадат само попладне и  во вечерните часови и кога спијат, со што ги исфрлаат бескорисните грицки и калории кои ги внесуваат со прејадување.

Во периодот од осум часа, кога храната е дозволена, се советуваат лесни и здрави оброци, со привремено уживање во омилените посластици, без претерано откажување од нив. Некои ги занемаруваат тие совети и во осум часа јадат се што ќе посакаат, но сепак постигнуваат одредени резултати, пишуваат странските медиуми.

Кога постите можете да пиете незасладен чај и кафе, вода и диетални сокови.

Прегледи:
349
Ознаки:
· ·
Објавено на:
20.09.2018